Овие момци ги направија горди сите Македонци. Оние кои вистински се радуваат на победа на Македонија на секој меч, оние кои сонуваа за вакво наешто дека еден ден Македонија ќе биде блиску со Европско првенство.

Косово „падна“ пред Македонија. Можеби во првото полувреме не бевме на нивото, но го зачинивме со два гола. Затоа во второто целосно го надигравме Косово, но не стигна наградата. Но, не треба да жалиме за ништо. Ниту за оној лесно примен гол. Најважно е што Македонија е во финале.

Сега на ред е вториот најважен меч во историјата! Момци, вие покажавте дека можете, прескокнете ја и последна пречка на патот до сонот наречен Европско првенство!