Англискиот интернационалец Ешли Јанг игра за Интер и има договор со миланскиот клуб до јуни 2021 година. Меѓутоа тој призна дека ќе го напушти Милано, ако добие можност да се врати во Вотфорд.

Ако можам повторно да играм за Вотфорд, ќе отидам и пеш до Англија. Знам од каде тргнав и што тој клуб значи за мене. Тој ми овозможи да стигнам до тука, каде што сум сега. Ми ги отворија вратите во светот на фудбалот“, изјави 32-годишниот фудбалер.

Јанг играше за стршение до јануари 2007 година кога премина во Астон Вила. Три години подоцна тој прејде во Манчестер Јунајтед и мина осум и пол години на „Олд Трафорд“. Во јануари оваа година дефанзивецот отиде во Интер.