Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ објави дека се опоравил од коронавирусот. Швеѓанецот, кој беше позитивен на Ковид-19 пред третото квалификациско коло во Лигата на Европа против Бодо/Глимт, потврди дека е негативен.

Ибрахимовиќ ја објави добрата вест за „росонерите“, кои се подготвуваат да се соочат со Интер на 17 октомври во првото, оваа сезона, Дерби дела Мадонина.

„Се опоравив“, напиша Швеѓанецот на Твитер. „Здравствените власти се информирани, карантинот е завршен“.