По победата над Косово и ерупцијата од воодушевување кај македонската фудбалска јавност, нашата сениорска фудбалска репрезентација веднаш се фати со работа за новиот предизвик. Денеска на тренинг центарот на ФФМ беше одржан попладневниот тренинг во пресрет на неделната пресметка со Естонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација утре во 10 часот патува за Талин, а в недела од 18 часот ќе го одигра мечот од 3. коло во групата. По првите два меча имаме една победа и едно реми.