Италијанскиот прволигаш Аталанта, конечно, ќе може да игра домашни натпревари во новата сезона од Лигата на шампионите на нивниот реновиран стадион „Гевис“ во Бергамо.

Официјална потврда дека реконструираниот стадион „Гевис“, кој сега има капацитет од 21.300 места ги исполнува сите стандарди, дојде од УЕФА, по последната инспекција направена оваа недела.

Аталанта е во групата „Д“ од Лигата на шампионите со Ајакс, Ливерпул и дански Митјиланд. Клубот од Бергамо премиерата на својот стадион во ЛШ ќе ја има како домаќин на Ајакс (27 октомври).

Минатата сезона, Аталанта сите домашни натпревари од Лигата на шампионите ги одигра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.