Барселона ќе му понуди нов договор на голманот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе биде со намалена плата, пренесува АС.

Каталонците му кажале на агентот и на фудбалерот дека ќе мора да ја намалат платата на германскиот голман, а потоа ќе ја зголемат кога ќе се стабилизира состојбата со пандемијата.

Договорот со Тер Штеген ќе биде до 2025 година и официјално ќе биде потпишан наредните денови. Голманот е дел од Барса од 2014. Во сезоната 2019/2020 настапи на 36 натпревари.