Во дербито на 7. коло, и тоа својот стадион, Скопје водеше се до 90.минута со 1:0 и тоа со голот на Дино Најдоски, но тогаш Кадриоски стрелаше за израмнување. Гол кикс на “пиратите“, па така сега заостануваат дури три бода во одно на лидерот Гостивар, кој немаше проблеми во Кичево, победи со 1:0 и ги освои бодовите кои му беа повеќе од потребни. Стрелец на тој гол беше Зекири во 66.минута. Треба да се каже дека домашните речиси 2/3 од мечот играа со играч помалку по исклучувањето на Мурат Адили. Дрита и Кораби во Боговиње одиграа 1:1, а Кадино на свој терен беше подобар од Охрид Лихнидос, и тоа со 2:0.

Лабуништа Тетово доживеа вистински дебакл од Вардар Форино. Вардарци со 5:0 просто ги скршија тетовските “штофари“.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

ДРИТА – КОРАБИ 1:1

СКОПЈЕ – ВЕЛЕШТА 1:1

ВЕЛАЗЕРИМИ – ГОСТИВАР 0:1

ВАРДАР (Ф) – ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 5:0

КАДИНО – ОХРИД 2:0

ТАБЕЛА

1. ГОСТИВАР 17

2. СКОПЈЕ 14

3. ВЕЛЕШТА 12

4. КОРАБИ 11

5. ВЕЛАЗЕРИМИ 10

6. ОХРИД 9

7. КАДИНО 9

8. ВАРДАР (Ф) 8

9. ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 3

10. ДРИТА 3