Попладнево од 15 часот се играат сите мечеви од 7.коло во Втората лига – исток. Нема некое посебно дерби, но затоа сите натпревари ќе бидат интересни. Брегалница на свој терен во Штип, и тоа во дневен термин, ја дочекува екипата на Слога Виница. Виничани имаат добар тим, но се знае тука кој е фаворит и кој треба да ги освои бодови. Тиквеш и натаму не може, поради реконструкција на теренот, да игра својот стадион во Кавадарци, па затоа и денеска ќе биде домаќин на “неутрален“ терен, и тоа со Победа во Росоман.
Кит Го и гостува на Плачковица, екипа која од петни жили се обидува да побегне од дното. Во Гвегелија се среќаваат Кожуф и Каменица Саса, додека Росоман гостува во Кочани кај домашниот состав на Осогово.
ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч
ПЛАЧКОВИЦА – КИТ ГО
КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА
ОСОГОВО – РОСОМАН
ТИКВЕШ – ПОБЕДА
БРЕГАЛНИЦА – СЛОГА ВИНИЦА
ТАБЕЛА
1.ТИКВЕШ 14
2.БРЕГАЛНИЦА 14
3.КОЖУФ 11
4.ПОБЕДА 8
5.СЛОГА ВИНИЦА 8
6.РОСОМАН 7
- КАМЕНИЦА САСА 6
8.КИТ ГО 5
9.ПЛАЧКОВИЦА 4
10.ОСОГОВО 4