Денеска во градот под Исарот и официјално почна изградбата на новиот стадион. Имено работници ја урнаа старата трибина, а во следната фаза урната ќе биде и таа од спротивната страна. Навистина Штип ќе добие модерно здание со кое граѓаните на овој град ќе бидат горди. Уште само Брегалница да успее да влезе во Првата лига, се ќе биде како што треба во градот на фудбалот.