Традиционално италијанската Газета на секои шест месеци ги објавува годишните плати на сите фудбалери во Серија А. Денеска ги објави за првиот дел од сезоната 2020/2021. Кога сме кај Македонците  тука нема никакви промени. Со годишна плата од 1,5 милион евра, Елиф Елмас е најплатениот Македонец. По него следува Илија Несторовски со 700.000, а трет е Горан Пандев со 500.000 евра. Така беше и минатата сезона. Интересно Елмас иако е најплатен наш фудбалер, тој е далеку од оние играчи во Наполи кои земаат најголеми годишни плати.

Се знае дека Јуве троши најмногу на плати, и тоа цели 236  милиони. И не е тајна дека Роналдо со 31 милион е најплатениот, следува Де Лихт со 8 милиони. Значи Јуве ги има двајцата најплатени играчи во Серија А. Следуваат Лукаку и Ериксен (Интер) со 7,5 милиони како и Џеко (Рома). Со 7,3 милиони доаѓа на ред Дибала (Јуве), па со 7 милиони тука се Ибрахимовиќ (Милан), Рабио, Рамзи (Јуве), Санчез (Интер)….