Валтери Ботас од Финска, инаку возач на Мерцедес, ја освои пол позицијата на денешната квалификациска трка на легендарната патека во Нирбургринг, за ГН на Германија. Тоа значи дека Финецот утре ќе стартува прв на трката која се очекува да биде интересна со оглед на можностите што ги нуди оваа патека, на која по пауза од седум години одново ќе се вози Формула 1.

Инаку пва за Ботас е 13 пол позиција во неоата досегашна кариера. Од првиот ред, но како втор, ќе стартува Луис Хамилтон, исто возач на Мерцедес, а како трет Макс Ферстапен, додека денеска на квалификациската трка на четвртото место заврши Шарл Леклер од Ферари.