Луис Хамилтон го престигна легендарниот Михаел Шумахер по број на победи во Формула 1 шампионатот. Германскиот возач ја постави границата на 91 победа која денеска ја стигна Хамилтон, а наскоро и ќе го подобри рекордот.

А веднаш по трката синот на Михаел, Мик Шумахер му честиташе на Хамилтон за подвигот и му ја даде кацигата што своевремено ја носеше татко му: „Ова е за тебе шампионе“.

Хамилтон беше изненаден, но ја прими наградата и ја крена кацигата високо горе и притоа овој момент беше поздравен со аплауз од членовите на тимовите и малобројните навивачи на трибините.