Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос откако денеска во финалето го совлада светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ со убедливи 3:0.

Надал тргна фуриозно и убедливо ги доби првите два сета, првиот со 6:0 и вториот со 6:1. Шпанецот направи одлична разлика и само поѕврди зошто го нарекуваат „кралот на земјените терени“. Српскиот ас имаше многу проблеми, а во третиот сет конечно покажа нешто од својот тенис но тоа беше недоволно. Фати некаков ритам, почна да собира поени, но сето тоа кратко траеше. Надал не дозволи да падне психолошки пред ривалот, брзо се крена и го приведе мечот во своја корист – 7:5 во третиот сет и конечни 3:0.

Надал стигна до рекордната 13. титула на францускиот Опен и 20-та титула на Гренд слем турнирите. Вечерва ја забележа јубилејната 100. победа на Ролан Гарос.