Во меч со 6 постигнати гола, стигнавме само до еден од трите посакувани бода во Талин. Одигравме потпросечно прво полувреме, се мачевме во првиот дел од второто, па кога дојдовме во безизлезна ситуација, за седум минути се вративме од „мртвите“. Ова беше еден од полошите настапи на четата на Ангеловски, но и добра опомена дека не смее да има опуштање, без разлика кој е противникот. Вака низ слики изгледаше денешниот меч во Талин со кој го заокруживме 3. коло во Лига „Ц“ сегментот.