Беше само прашање на време кога Луис Хамилтон ќе го стигне легендарниот Михаел Шумахер на листата на победи во Формула 1 шампионатот. Тоа се случи денеска, на патеката Нирбургринг во Германија во која Британецот извозе фантастично и не им дозволи на противниците да го загрозат водството што го стекна уште во раната фаза.

Сега двајцата супер-возачи имаат по 91 победа, а со оглед на тоа дека Хамилтон уште е активен набрзо очекуваме и подобрување на истиот.

Втор на денешната трка беше Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет Даниeл Рикиардо од Рено. Топ 5 го пополнија Серхио Перез од Рејсинг поинт и Карлос Сајнц од Мекларен.

А денеска и Кими Раиконен влезе во историјата на Ф1 шампионатот. Тој ја возеше 323. трка во кариерата.