Играчот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко е пријавен за настапите на тимот во Лигата на шампионите. Тимот од Дортмунд се одлучи да го пријави овој млад играч во листата Б, но тој ќе има право за настап.

Мукоко важи за еден од најголемите таленти во моментов во Германија. Игра за младинските екипи на Дортмунд, но веќе тренира и со сениорите, и се чини ќе добива повремено шанса да заигра.

Борусија најпрво ќе чека да наполни 16 години, па да му даде шанса, а тоа ќе биде после 20 ноември. Игра во нападот, игра за младите селекции на Германија, инаку е роден во Камерун.