Леброн Џејмс по четврти пат е МВП на финалните натпревари. Сега го освои шампионскиот прстен со Лејкерс и потврди дека е еден од најголемите кошаркари во НБА лигата. Иако има 35 години тој најави дека ќе се бори за уште титули.

По дуелот со Мајами во кој Лејкерс победија и се закитија со круната „Кинг Џејмс“ запали цигара легна на подот и се јави на најважната личност на светот – мајка му Глорија.

„Еј, мамо, овде е лудница. Ајде морам да одам, овде е лудница“, зборуваше Џејмс со скијачки очила и капа додека од образите му течеше шампањ.

Глорија го израснала Леброн без помош на таткото Ентони Меклиланд кој бил криминалец и крадец. И поради тоа Леброн прво ја повика мајка му за да се пофали.