Лос Анџелес Лејкерс по 10 години пвторно се шампиони на НБА лигата. „Езерџиите“ во шестиот натпревар од големото финале го совладаа Мајами Хит со резултат 106:93 и со 4:2 во серијата стигнаа до 17. титулата во најсилната кошаркарска лига изедначувајќи се со Бостон Селтикс на вечната листа на шампиони.

Лејкерс се поигруваа со Мајами во последниот меч од НБА сезоната. Леброн Џејмс одигра уште еден меч во МВП стил. „Кралот“ запиша трипл-дабл со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, а Ентони Дејвис постигна 19 поени и 15 скокови, Раџон Рондо исто така 19 поени додека Кентавиус Калдвел-Поп 17 поени.

Кај Мајами најдобар беше Бем Адебајо со 25 поени и 10 скокови, додека Џими Батлер овојпат потфрли и забележа само 12 поени.