После вчерашниот дуел со Естонија, македонскиот национален тим денеска се врти кон новиот предизвик – Грузија.

Селекцијата која е наш противник во финалето на Лигата на Нации, гостува во Скопје во рамките од 4. коло од новата Лига на Нации.

Игор Ангеловски со неколку измени ќе мора да влегува во овој дуел. Така ќе отсуствуваат Адеми, Барди, Тошевски и Хасани, а од претходно е познато дека и Муслиу нема да биде на располагање, додека Спировски е неизвесен.

Ангеловски дополнително ги повика Руфати, Китановски, Мицевски, Тотре и Дориев. Само Руфати присуствуваше на денешниот тренинг, додека останатите четворица ги чекаат резултатите од тестирањата за Ковид-19.