Дајот Упамекано и Калиду Кулибали се скапи варијанти, па Манчестер Јунатед во јануари ќе се сврти кон поефтината, дефанзивецот на Барнли Џејмс Тарковски. Менаџерот Оле Гунар Солскјер се уште бара квалитетен партнер на Хари Мегваер во дефанзивниот ред, а откако летоска не го најде, поточно не можеа да се договорат со Лајпциг и Наполи околу висината на отштетата сега ќе се обиде да го донесе Тарковски од Барнли кој е далеку поефтина варијанта.

Тарковски има еден настап за репрезентацијата на Англија, а летоска беше во плановите на Лестер и Вест Хем меѓутоа неговиот клуб не сакаше да го пушти за помалку од 50 милиони фунти. Ќе видиме како ќе дејствува Манчестер Јунајтед во преговорите со Барнли и дали тие ќе ги убедат раководните луѓе на клубот од „Турф Мур“ да го пуштат својот играч.