Тежок инцидент се случил вчера во битолско с.Кравари на мечот меѓу Кравари и Лирија од с.Грнчари, во натпревар од 1.коло во Трета лига – запад. Имено, како што стои во записникот од натпреварот, се играло 44.минута кога главниот судија му покажал црвен картон на играчот со бр.7 Алии Раим. Резултатот во тој момент бил 4:1 за домашните. Следувал инцидент во кој гостите го нападнале физички судијата кој се здобил со тешки телесни повреди, по што интервенирала брзата помош, а потоа тој бил пренесен во болница. Со оглед на тоа дека судијата не можел да го продолжи натпреварот истиот бил прекинат. Неколку часа по ова, тепаниот пријавил три лица во полициска станица, а интересно е тоа што еден од пријавените , инаку член на Лирија, пријавил во полиција дека бил удрен од помошниот судија.

Значи циркус во Кравари.