Легендарниот дански фудбалер Никлас Бендтнер, кој го носеше дресот на Арсенал и на Реал Мадрид, неодамна издаде автобиографија во која открива дека на проститутки им плаќал силикони затоа што го уценувале.

„Една од девојките со која бев, дојде и ми рече дека е бремена од мене. Рече дека постои цена за она што треба да го платам. Кога ја прашав што значи тоа, ми кажа дека треба да и платам силиконски гради. На крајот тоа го направив, и го платив тоа“, напишал Бендтнер.

Исто така додал дека многу играчи од Премиерлигата знаеле да користат проститутки, дури и пред важни мечеви.

„Оние кои беа неверни, користеа сексуални услуги кај проститутки. Тоа беше полесниот начин и помалку ризичен. Знам доста ситуации кога девојките ги фотографираа играчите, и потоа ги уценуваа покажувајќи им ги фотографиите“.