Голем шок на една албанска ТВ, потег за кој говори цела земја. Има и невкусни коментари, но има и такви кои велат дека Новак Ѓоковиќ добро ќе го пречекаат ако посака да дојде кај нив.

А за што станува збор?

На една спортска дебатна емисија, спортскиот аналитичар Арјан Бакали дојде со маичка на која пишуваше Новак, се разбира со тениско топче. Тоа беше шок за сите присутни, за водителот, но и за сите во студиото, како и за сите во Албанија. Бакали посочи дека имал разговоро со таткото на Новак и дека се разгледуваат опциите Србинот да биде гостин во Тирана.

За некои шокантно, но за некои навистина интересно.