Откако денеска попладне беше јавено дека Кристијано Роналдо е позитивен на Ковид-19, сега сите се прашуваат дали тој ќе го пропушти супер – дербито во Лигата на Шампионите меѓу Јуве и Барселона, кое е закажано за 28 октомври. Дали ќе го пропушти долго очекуваниот дуел против Лео Меси. Од Јуве и од репрезентацијата на Португалија истакнуваат дека Кристијано ќе мора да биде во изолација до 23 октомври, а потоа на тој датум одново ќе му се прави Ковид-19 тест. И ако биде негативен тогаш ќе може да игра против Барса.

Се разбира дека оваа информација сега е најважна, дали Португалецот ќе може да се врати во вистински момент.