Поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски, официјално е нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Ова го најави „Спортмедиа“ уште пред неколку недели, а денеска помина и на владина седница.

Мојсоски на ова место доаѓа заменувајќи го досегашниот Дарко Каевски, кој што стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции.