Хабиб Нурмагомедов, које  актуелен шампион во лесна категорија во УФЦ, објави дека не сака да се бори со поранешниот бр.1 во категоријата Конор МекГрегор дури и да му нудат 5 милијарди долари.

Претходно, „Дагстанскиот орел“ се согласи да учествува како тренер во ТВ-емисијата „The Ultimate Fighter“, каде што секој тренер ја собира својата екипа. Се очекуваше МекГрегор да се соочи со него.

Како и да е, Русинот се откажа од предизвикот откако Ирецот без негова согласност објави дел од својата преписка со Дана Вајт, шефот на УФЦ.

„Добар ПР за Конор, но нема да му ја дадам таа можност. Нема да го сторам тоа дури и ако ми дадат 5 милијарди долари”, рече Хабиб.

На 24 октомври Нурмагомедов ќе се бори со Џастин Геџи во Абу Даби.