Карактерот, инаетот и желбата да се дојде до добар резултат вечерва повторно се покажаа клучни за македонскиот национален тим. Исто како што беше пред неколку дена во Талин, кога селекцијата успеа да извлече „реми“ во последните мигови.

Бледо прво полувреме, ниту второто не беше нешто поинаку, но потоа дојде онаа кобна грешка на Димитриевски и црвениот картон. Не мина долго кога Грузијците дојдоа до водство.

Но на крајот со сите сили во напад, и пенал за Македонија, успешна реализација на Алиоски и повторно еден бод но вреден останување на првото место.

Фотогалерија од мечот: