Баерн Минхен без проблеми го помина 1.коло од Купот на Германија откако славеше со 3:0 против нисколигашот Дурен за кого игра македонскиот интернационалец Ѓорѓи Антоски. Шампионот и бранител на трофејот од Купот славеше со два гола на Чупо Мотинг и еден на Милер од пенал. Да кажеме дека Баерн настапи со резервен состав (освен Милер) па тука имаше многу нови лица. И како таков Баерн беше пресилен за Дурен.

Антоски играше до 54 минута.

Македонецот Антоски вечерва на мегдан со Баерн Минхен!