Како што најавуваат од Наполи, Елиф Елмас утре ќе биде одново тестиран на Ковид-19, и доколку тестот е негативен, во сабота веќе ќе може да излезе од изолација, откако ќе му биде направен и втор тест.

Елмас и Зелински во моментов се играчите кои се позитивни. Тие секако нема да бидат во комбинација за дуелот со Аталанта, со оглед дека се во изолација, и не се во тренажен процес.

Македонскиот репрезентативец поради позитивниот тест, ги пропушти и настапите на националниот тим.

Поради коронавирус, Наполи не отпатува во Торино на дуелот со Јувентус, и победата му припадна на италијанскиот првак на службена маса.