Иако имаше некои најави дека на супер – дербито во Ла Лига, односно на дуелот на титаните меѓу Барселона и Реал Мадрид би можело да има фанови, и тоа 20-30% од капацитет на “Камп Ноу“, сепак од попладнево и официјално се знае дека ќе се игра без публика. Ова го изјави министерот за здравство во Владата на Каталонија Алба Вергес:

“Во сегашната Ковид-19 ситуација многу е тешко да се планираат натпревари со публика. Не можеме да предвидеме што ќе се случи во текот на сезоната, но секако дека е невозможно на спортски натпревари да има гледачи во периодот од 20 до 24 октомври“.

Инаку Барселона го дочекува Реал Мадрид на 24 октомври, а без публика ќе се игра и на првиот меч од ЛШ меѓу Барса и Ференцварош, натпревар кој се игра во вторник навечер.