Еден од најдобрите светски тенисери, Сем Квери направи сериозен скандал кој по него може да има далекусежни последици.

Имено, тој беше дел од тенискиот турнир во Санкт Петербург, Русија, и по едно тестирање беше позитивен. Веднаш нормално според протиколите требаше да замине во изолација, и тој и неговата сопруга и осумесечното бебе, но преплашен дека ќе мора да седи во Русија, и уште полошо во некоја Руска болница, Квери веднаш се качил на приватен авион и ја напуштил оваа земја. Не се знае неговата следна дестинација но со сигурност е Европа и земја каде што не е потребен тест за влез.

Со ова тој ризикува да биде драконски казнет со 100.о00 евра и тригодишна суспензија, доколку сето ова се докаже и биде поведена постапка против него.