Репрезентациите на Италија и Холандија синоќа ремизираа 1:1 во Лигата на Нациите. Еден од најинтересните мечеви од најсилната А група ја прокоментира токму селекторот на Италијание, Роберто Манчини.

„Ма ова беше одличен натпревар. Она што се случи во Септември кога ние победивме во Амстердам со 1:0 ги натерало Холанѓаните да ја научат лекцијата. Кој сметал дека Холандија е слаба се излажал многу.  Двата тима посакуваа победа, одиграа супер меч. Холанѓаните излегоа со пет дефанзивци сакаа да ја копираат нашата игра. Создадовме доста шанси на најразличен начин но противникот е силен, не ни дозволи да победиме“ – изјави Манчини.