Најновите проекции велат дека по победата над Косово, и „ремијата“ со Естонија и со Грузија, ќе ни донесан напредок за една позиција погоре на ФИФА ранкингот.

Тоа значи дека македонскиот национален тим ќе биде на 65. место на ноемвриската листа.

Македонската селекција ќе собере плус пет поени од последните резултати.

Најмногу ќе напредува селекцијата на Малта која ќе скокне шест места, додека Романија ќе оди надолу за 10 места.

На врвот ќе остане Белгија.