Со оглед на тоа дека теренот на Градскиот стадион во Тетово е во ужасна состојба, деновиве истиот почна да се реконструира. Тоа значи дека Ренова, Шкендија и Тетекс ќе мораат во наредните две недели да пријават алтернативен стадион на кои тие екипи ќе можат да ги играат своите натпревари како домаќини. Ренова веќе во недела, на 18.10.2020, во рамките на 9. коло во ПМФЛ против Пелистер, го пријави и доби согласност домашен стадион да и биде теренот во Гостивар, каде што игра истоимениот второлигаш во западната конкуренција.

Имаше најави и за други опции, но сепак раководството на Ренова се одлучи за Гостивар.

Во среда, во рамките на 1/8 финалето од Купот, на истиот стадион ќе играат Шкендија и Гостивар, интересно тетовци ќе му бидат домаќини на тимот чиј што е стадионот.