Реал Мадрид и Барселона веќе се влезени во голема битка за потписот на Килијан Мбапе. Зад кулисите, претседателот на Реал (М), Флорентино Перез и еден од најсериозните кандидати за претседателското место во Барселона, Виктор Фонт, деновиве имале неколку одвоени средби со агентот на фудбалерот.

Како што пишува шпански „АС“, Реал е решен да го донесе Мбапе во своите редови следното лето, кога тој ќе влезе во последната година од договорот со ПСЖ. Перез веќе собира пари за откуп на неговиот договор, а прави стратегија и за да го убеди фудбалерот дека мадрид е негова вистинска одлука.

Во исто време, кандидатот за наследник на Бартомеу на претседателската фотеља во барселона, Виктор Фонт, исто така има средби со агентот на Мбапе и се обидува да изнуди преддоговор, со кој тој откако ќе стане претседател ќе го донесе Мбапе на „Камп Ноу“.

Во исто време, парижани му подготвиле нов договор на Мбапе за период од 5 години за 150 милиони евра.