Екипата на Реал Мадрид го запиша третиот пораз по само четири одиграни кола во Евролига. Овој пат подобар од шпанскиот тим беше Милано, на домашен терен славеше со 78-70. Ова беше уште меч во кој победникот беше решен по пресврт.

Реал Мадрид беше одличен во првото полувреме имаше и двоцифрена предност, но веќе во третиот период домашниот тим ја анулираше негативата (23-13), до крајот успеа да ја задржи предноста и да дојде до важни бодови, а на шпанскиот тим му нанесе нов удар.

Некогашниот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Родригез постигна 25 поени, седум асистенции и четири скока.

По 4. коло, „кралскиот“ тим има три победи и еден пораз, и се наоѓа на 15. позиција на табелата.

Басконија одлично напредува во Евролигата, дојде до третата победа на сметка на Химки со убедливи 77-60. Олимпијакос пак по драма беше подобар од Макаби со 85-82.