Ракометниот клуб Нант, во кој настапува и македонскиот капитен Кире Лазаров, објави дека има двајца играчи позитивни на коронавирус, притоа не споменувајќи имиња.

„По враќањето на нашиот тим од гостувањето кај Монпеље, најновите тестирања покажаа два нови случаи на Ковид-19. Ракометарите веднаш се изолирани“, соопштија од Нант.

Инаку за денеска се предвидени нови тестирања во тимот.