Фудбалскиот клуб Хофенхајм објави дека двајца негови играчи биле заразени со коронавирус по враќањето од репрезентативните настапи.

„Двајца играчи кои беа во странство на репрезентативни натпревари по враќањето во Германија беа позитивни на Ковид-19. Ниту еден од нив не бил во контакт со остатокот од тимот и сега е во самоизолација во своите домови“, објави Хофенхајм.

Вкупно девет играчи на Хофенхајм беа со своите репрезентации во последните 10 дена.