Никола Митревски, македонскиот голман на Порто, заслужено и очекувано го доби епитетот играч на натпреварот со Пик Сегед во рамките од Лигата на шампионите.

Митревски имаше фантастична одбрана во дуел со Кањелас. Тренерот на Пик Сегед се фаќаше за глава во неверување после одличната интервенција.

На крајот Митревски беше прогласен за најдобар играч во победата на неговиот тим. Забележа 15 одбрани и една асистенција. Покажа дека ќе биде големо засилување за Порто.