Македонија нема да биде во третиот шешир во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, односно ќе остане во четвриот шешир.

„Ремијата“ со Естонија и со Грузија придонесоа да ги загубиме сите шанси за да бидеме во третиот шешир пред ждрепката за квалификацискиот циклус.

За тоа последно место се борат БИХ и Грција, а засега во поволна позиција е БИХ, но со оглед на кризата во оваа селекција, нема да биде чудно и тие да се најдат со нас во четврти шешир.