Наполи денеска ќе поднесе и официјална жалба на одлуката на Дисциплинците од Серија А, кои пресудија дека неодиграниот меч со Јувентус треба да се регистрира како службена победа за „Старата Дама“ од 3:0.

Апелацискиот процес може да се одржи до крајот на месецот. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, овој формален акт ќе доведе до судење во Апелацискиот суд во спортот со судијата кој во наредните денови ќе му ги испрати на Наполи документите што ја објаснуваат неговата првостепена одлука.

Во тој момент, адвокатите на клубот предводени од Матија Грасани, ќе имаат рок од пет дена да ги проучат документите, вклучително и оние на федералниот обвинител. Од тој момент, жалбениот процес може да се закаже и може да се одржи меѓу крајот на октомври и почетокот на ноември.