Репрезентативецот на Македонија до 19 година Владан Новевски ги одигра првите минути за првиот тим на Војводина во Суперлигата на Србија. Големиот талент на македонскиот фудбал кој има само 18 години стигна да игра за првиот тим во новата сезона, а вечерва новосаѓани со убедлив резултат го победи Рад (4:1).

Новевски, кој игра на позиција напаѓач, ги одигра последните 15 минути и имаше шанса за погодок но топката заврши покрај дирекот.

Новевски е роден во Нови Сад, но поради тоа што има македонски корени настапува за македонската репрезентација до 19 години.