Косово по поразот во Скопје од Македонија во полуфиналето на плеј-офот, беше поразено и од Словенија во Приштина,а овие два порази фудбалерите на косовскиот тим очигледно не ги прифатија најдобро. Спортскиот новинар, Агим Касаполи, откри скандал што се случил во соблекувалните по мечот со Словенија.

Тој за време на емисијата „Пресинг“ на ТВ7 рече дека Валон Бериша и Едон Жегрова се степале во соблекувалните. Двајцата играчи не беа на следниот натпревар со Грција.