Пари Сен Жермен во дуелот со Ним од 7.коло во Лига 1 влезе без неколку првотимци поради повреди и замор (Ди Марија, Нејмар, Дракслер, Икарди, Керер, Курзава, Верати…), а и како таков успеа да слави на гостувањето кај Ним со 4:0. На „светците“ им се погоди и тоа што во 12 минута Ландре доби црвен картон и имаа играч повеќе на теренот, а резултатот го отвори Килијан Мбапе со гол во 32 минута.

Младиот француски напаѓач го крена дресот и упати порака до младиот 8-годишен фан на ПСЖ Лукас кој се бори со рак.

Биди храбар Лукас, јас сум со тебе“, стоеше на маичката.

Во второто полувреме ПСЖ зголеми со голот на Алесандро Флоренци, а за убедлива победа се погрижија Мбапе и Сарабија. Шампионот се искачи на првото место на табелата по седум одиграни меча, а ја запиша петтата победа по ред.