Со оглед на фактот што до утре трае летниот преоден рок во Рускиот фудбалски шампионат, Македонскиот интернационалец и репрезентативец Стефан Ристовски денеска ќе биде на чисто што се вели, дали и натаму ќе биде дел од тимот на Спортинг Лисабон или пак ќе се остварат најавите за негов потенцијален трансфер во Русија. За него отворени понуди има од екипите на Локомотив односно Спартак Москва, а дали Ристовски ќе одговори позитино на некоја од нив, односно дали Спортинг ќе се одлучи да го пушти останува да видиме.

Португалскиот „О Жого“ вели дека на Ристовски не му е најидеална ситуацијата во Спортинг и дека според многумина тој треба да прифати понуда од клуб каде што ќе игра, но дали тоа ќе се случи токму деновиве знае единствено нашиот интернационалец.