Колин Казим Ричардс или попознат како Казим Казим ја почна кариерата во Англија, играше за Бери, Брајтон и Шефилд Јунајтед, а потоа одлучи да го напушти Островот и да отиде во Фенербахче, а потоа настапуваше за бројни клубови од различни држави.

Денеска некогашниот јуниор на Арсенал потпиша за Дерби Каунти каде што тренер е некогашниот славен англиски репрезентативец Вејн Руни. 34-годишниот Ричардс потпиша едногодишен договор.

Дерби му е 17-ти различен клуб во кариерата. По Фенербахче играше за Тулуз, Галатасарај, Олимпијакос, Блекбурн, Бурса, Феенорд, Селтик, бразилските Коритиба, Коринтијанс па мексиканските Лобос, Веракруз и изминатите шест месеци беше во Пачука. Сега се враќа во Англија и ќе ги брани боите на Дерби во Чемпионшип дивизијата.

Казим Казим е роден во Лондон, но настапуваше за Турција од 2007 до 2015 година.