Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед застана во одбрана на Хери Мегваер, стоперот на Јунајтед и на Англиската репрезентација кој во моментов е под страшни критики поради лошите игри.

„Хери е цврсто момче. Немам дилеми дека тој ќе излезе од сето ова и тоа како посилен. Направи грешки но тие се дел од фудбалот. Во еден момент си дел од тимот кој го победи најдобриот на светот, Белгија, а потоа губиш од Данска и си исклучен. Сега сите се сконцентрирани на тоа, на црвениот картон, но таков е фудбалот, таква е јавноста“ – изјави Солскјер.

Она што е многу веројатно дека Мегваер нема да биде дел од составот на Јунајтед против Њукасл пред се заради да одмори еден натпревар, а имал и ситна повреда.