Преодниот рок во Хрватска трае до 18 октовмри, а тоа тимот на Шибеник го искористи во своите редови да го доведе Македонскиот младински рерпезентативец Тодор Тодороски.

Во моментов играч на Осијек, Тодороски нема минутажа во овој клуб, па нормално е да бара да оди некаде каде што ќе игра. Беа во опција неколку клубови, како на пример Истра, но сепак, на крајот бекот заврши во Шибеник.

Тој е стандарден член на Македонската репрезентација до 21. година во моментов, и како таков исклучиво е битно за нашиот национален тим да има голема минутажа на клупско ниво.

Своевремено на истата позиција десен бек во Шибеник играше некогашниот Македонски младински, но и сениорски репрезентативец Даниел Георгиевски и тоа со голем успех. Од таму тој изгради респектабилна кариера која трае до ден денес.