Тежок скандал во Чешка. Денеска се уапсени дваесетина фудбалски функционери, судии, и уште неколку инволвирани во скандал со наместени мечеви од пониските лиги во оваа земја.

Меѓу оние приведените, е ни помалку ни повеќе туку потрпетседателот на Фудбалската Федерација на Чешка Роман Бербр. Тој заедно со спортскио директор на второлигашот Вишеград Роман Рогоз се осомичените дека биле дел од криминална мрежа која местела мечеви и на тој начил на нелегален начин се стекнала со финансиски средства.

Претресен е регионалниот фудбалски сојус во Плзењ каде што Бербр инаку е претседател. ОВа наиде на огромно воодушевување во фудбалската јавност во Чешка, односно кај навивачите, симпатизерите, затоа што наведените ликови се доста контраверзни и омрезени во јавноста.