На денешен ден во 2002 година, се одигра еден од најблескавите натпревари на македонскиот национален тим. На „Сент Мери“ во Саутемптон, репрезентацијата на Македонија одигра 2:2 со силната Англија. И покрај тоа што два пати водеше, на крајот Македонија мораше да се задоволи само со бод, против силните Бекам, Џерард, Овен, Кембел, Сколс…

Шаќири во 11. минута директно од корнер го „матираше“ Симан, оној гол кој уште долго се врти и ќе се врти на најавните шпици. Бекам израмни само три минути подоцна. Но, Трајанов со прекрасен гол од далечина во 25. минута донесе ново, сензационално водство за Македонија. Џерард во 36. изрмани.

Во вториот дел одлично ги сопревме нападите на Англичаните, и на крајот славевме бод.

Од тој состав, и после 18 години, Горан Пандев и натаму е дел од националниот тим, додека кај Англија сите се веќе пензионирани.

Тоа беше квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2004 во Португалија.